Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД КРУШЕВО - НАДЛЕЖНОСТИ
Надлежност
Закон за судови (Службен весник 58/06)

Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со овој закон.
Основните судови, согласно со стварната надлежност судат во прв степен и се основаа како судови со основна надлежност и судови со проширена надлежност.

Основниот суд Крушево е суд со основна надлежност, надлежен да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:

- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведува истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација, или друг орган што врши јавни овластувања,
- за жалби и приговори за постапките за кои е надлежен овој суд.

Основниот суд во Крушево е надлежен да одлучува во прв степен по граѓански спорови, и тоа:

- за спорови во имотно – правни и други граѓанско – правни односи на физички и правни лица, чија вредност е до 15.000 евра во динарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во динарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови од наследно – правни односи,
- во вонпарнични и оставински работи,
- да води тапии и
- за други работи утврдени со закон.

Согласно новиот Закон за судови (Службен весник 58/06 од 11.05.2006 година) Основниот суд Крушево станува суд со основна надлежност само за подрачјето на општина Крушево и селата кои гравитираат кон општината: Бучин, Пресил, Свето Митрани, Милошево, Врбоец, Алданци, Норово, Селце, Јакреново, Саждево, Борино, Горно и Долно Дивјаци, Пуста Река, Арилево и Острилци.
ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД КРУШЕВО
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Крушево.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: