Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
26.12.2011
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
 
Местоположба
Основниот суд во Крушево се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот на улица „Илинденска“ бб. Судската зграда има современ архитектонски изглед и располага со приземје, спрат и поткровје. Во составот на судската зграда постои и подрум во кој е сместена котларата како и гаражата за судските возила.

Во близина на судот се наоѓа и зградата на Здравствениот дом Крушево.

Мапа со локација на судот: ТУКА
 
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Крушево ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основниот Суд Крушево ја сочинуваат следните групи на информации:
1 Општи информации за судот 3 Судска Власт
2 Судска пракса 4 Контакт информации
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Крушево со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основен Суд Крушево или да го симнат тука:

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Крушево, ул. Илинденска , бб или на e-mail: sud_krusevo@t-home.mk , како и на факс бр. 048/477-067.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 048/477-087.

Основен Суд Крушево согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Костандина Тасеска
 
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме.
 
Име и презиме:
Адреса:
Телефон:
Емаил Адреса:
 *    
Тема на Пораката:
 *  
 
Содржина на Пораката:
 *  
 
 
Полињата означени со * се задолжителни.